Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, Ве поканува да присуствувате на стручни предавања посветени на актуелни теми од областа на проектен менаџмент во градежништвото – примена на современи технологии и управување со ризици во процесот на изградба на градежни објекти.
Целта на овие предавања е размена на знаења и искуства со истакнати експерти од регионот, како и отворање дискусија за современите предизвици и можности во градежната практика, особено во контекст на примената на вештачката интелегенција и управување со градежните процеси.
Агенда:
10:30 – 12:00 Размислување надвор од рамките: Примена на вештачката интелегенција во градежништвото.
Предавач: Проф. д-р Милош Кнежевиќ, редовен професор на Градежниот факултет во Подгорица, Црна Гора
12:00 – 12:20 Кафе пауза
12:20 – 13:50 Договори за градење и распределба на ризици во градежните процеси.
Предавач: Проф. д-р Ненад Иванишевиќ, редовен професор на Градежниот факултет во Белград, Србија
13:50 – 15:00 Коктел
Со овие предавања Комората продолжува да создава простор за континуирана едукација, професионална размена на знаење и искуства и унапредување на инженерската практика. Настанот ќе заврши со неформално дружење и коктел, што ќе овозможи дополнителна размена на мислења и воспоставување професионални контакти.