Континуирана професионална едукација

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Стручни предавања - Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

Едукација
 Завршено пријавување
 
18
Датум: 31 Мар 2026 11:00 - 15:00

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) има чест да ве покани на претстојните предавања на тема: „Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“.

Настанот се организира во рамките на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за негово подобрување во Град Скопје“, кој има за цел да понуди решенија базирани на податоци за еден од најголемите предизвици на нашата метропола.

Овој настан претставува клучна платформа за дијалог помеѓу локалната самоуправа, академската заедница, експертите и релевантните институции. Примарната цел е усогласување на научните докази со стратешкото планирање и процесите на донесување одлуки.

Во првиот дел ќе бидат презентирани клучните резултати и постигнувања на проектот, со фокус на нивната примена во контекст на локалните и националните политики за квалитет на воздухот. Панел дискусијата ќе биде посветена на практичните аспекти на имплементација на мерките, вклучувајќи ги предизвиците со институционалната координација, достапноста на податоци и можностите за интеграција на препораките во постоечките регулаторни документи и стратегии.

Агенда (31.03.2026)

Време Тема / Сесија Предавач / Учесник
11:00 – 11:30 Регистрација на учесници  
11:30 – 12:15 Производство и потрошувачка на енергија: Парадокси во животот и инженерството Prof. Dr. Artur Bartosik (Kielce University of Technology, Poland)
12:15 – 13:00 Загадување на воздухот од термални процеси и влијание во урбаните средини Проф. д-р Ристо Филкоски (Машински факултет – Скопје)
13:00 – 14:00 Панел дискусија: Загадување на воздухот – универзален проблем – специфични акции Експерти, инженери и млади истражувачи

 

Слободни места
62
Број на места
80

 

Листа на учесници

Lidija ZafirovskaLidija Zafirovska (1)
 Никола Барсов Никола Барсов (1)
Бобан СтојановскиБобан Стојановски (1)
Марија ЈанковскаМарија Јанковска (1)
Тони СрбиноскиТони Србиноски (1)
Лилјана ДиневЛилјана Динев (1)
Ана ГросињоАна Гросињо (1)
Жарко Илиевски Жарко Илиевски (1)
Елена Николовска Елена Николовска (1)
Дамир ЛикаДамир Лика (1)
Горан АндреевГоран Андреев (1)
Биљана ПетроваБиљана Петрова (1)
Александар АпостолоскиАлександар Апостолоски (1)
Билјана Главинчевска-ВранишкоскаБилјана Главинчевска-Вранишкоска (1)
Милена ЗекмановскаМилена Зекмановска (1)
Радица ДокузовскаРадица Докузовска (1)
Горан МишковскиГоран Мишковски (1)
Елена КрстевскаЕлена Крстевска (1)