Локација: Сала на Комора ОАИ
Македонскиот совет за зелена градба, како дел од иницијативата Western Balkans GBC, активно работи на забрзување на транзицијата кон одржлива изградена средина преку промоција на енергетска ефикасност, намалување на јаглеродните емисии и усогласување на градежните практики со зелените политики на Европската Унија. Нашата мисија е јасна – да ги обединиме институциите, индустријата и заедниците во создавање поздрави, поотпорни и поинклузивни простори за живеење и работа.
Визијата на Македонскиот советот за зелена градба (GBCNM) а во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија е да се позиционира како релевантна, доверлива и експертска платформа, која ќе биде катализатор за иновации, едукација и политики што ја поддржуваат примената на зелени технологии и одржливи практики во градежниот сектор.
Во остварување на овие цели, Советот активно соработува со:
Ве покануваме на Првата регионална конференција „Градење одржлива иднина“ која ќе биде платформа за презентација и размена на знаења, истражувања и добри практики, но и можност за создавање нови партнерства и бизнис можности во Северна Македонија и поширокиот балкански регион.
4 март 2026 Скопје - Совет за зелена градба на Северна Македонија (GBCNM) https://gbc.org.mk/ .
АГЕНДА НА НАСТАНОТ
Прва регионална конференција на Балканските совети за зелена градба
„Градиме одржлива иднина“
10:30 – 11:00 ч. Регистрација и прием
11:00 – 11:30 ч. Воведни обраќања:
Свечено отворање и воведни обраќања:
Краток говор од претставник од GBCNM и донорот:
Обраѓање од клучни партнери, државни министерства и институции:
11:30 ч. – 13:00 ч. Стручни излагања и панел-дискусија / I Дел
Доц. Д-р Бојана Зековиќ
Предизвици и можности за сертификација и легислатива за зелена градба во Србија
Ред. Проф. Д-р Дивна Пенчиќ
Потрагата по „зелено“ урбанистичко планирање: „Каков вид урбанистичко планирање ни е потребен за да обезбедиме услови за зелена градба?“
Доц. Д-р Вања Скалицки Клеменчиќ
Урбана регенерација: ‘Human Scale‘ и пешачка пристапност – студија на случај на Марибор, Словенија
13:00 – 13:15 ч. Кафе-пауза
13:15 – 14:30 ч. Стручни излагања и панел-дискусија / II Дел
Ред. Проф. Д-р Весна Жегарац Лесковар
Регенеративна архитектура преку обновување на градби: стратегии за унапредување засновани на истражување
Ред. Проф. Д-р Ана Радивојевиќ
Материјалниот аспект на одржливата архитектура – проблемот на ресурсите и нивното влијание врз изборот на материјали
Вонр. Проф. Д-р Радмила Томовска
Меѓуинституционалната соработка како предуслов за успешни наставни практики во сферата на одржливиот урбан развој и справувањето со климатските промени
14:30 – 16:00 ч.. Коктел и вмрежување:
Овозможувајќи им на присутните да се поврзат со институцијата-домаќин, партнерските институции во оваа област, пошироката публика, како и гостинските главни говорници од регионот.
