Локација: Сала на Комора ОАИ
Линк за он-лајн поврзување ->
BONPET Ве поканува на комерцијална презентација посветена на современите решенија за противпожарна заштита.
Во услови на зголемени безбедносни барања и брз технолошки напредок, системите за рана детекција и гасење на пожар стануваат клучен елемент во заштитата на објекти, опрема и пред сѐ човечки животи.
Целта на презентацијата е да се прикажат достигнувањата на новите технологии и иновации кои влијаат врз проектирањето и имплементацијата на ефикасни противпожарни системи.
Ќе бидат обработени следните теми:
Технологија на BONPET
Противпожарна заштита во објекти
Aпликативни решенија на BONPET
Специјализирани простории
Индустриски апликации
Со присуство на овој настан ќе се стекнете со информации за современи, ефикасни и лесно применливи решенија за противпожарна заштита, кои придонесуваат за поголема безбедност и сигурност во нашето секојдневие.
Презентацијата ќе биде водена од управителот Александар Гаврилоски.

БОНПЕТ ДООЕЛ Македонија е официјален претставник на BONPET системите во Република Македонија, специјализиран за иновативни и докажани противпожарни решенија со јасна мисија – заштита на човечки животи, имот и животната средина. Со повеќе од 8.000 успешно изгаснати пожари, системите што ги нудиме претставуваат сигурно и ефикасно решение во критични ситуации, кога секоја секунда е од клучно значење. Нашите производи се базирани на уникатна формула на водена основа, која обезбедува висока ефикасност при гасење, активно лади и спречува повторно палење, при што е целосно безбедна за луѓето, животните и животната средина. https://www.bonpet.mk/