УНИЦЕФ - С. Македонија има потреба од склучување договор со 2 локални и 1 меѓународен консултант за да обезбеди поддршка во спроведувањето на проценките на локацијата на 11 Установи за примарна здравствена заштита во Северна Македонија.
Целта на задачата е да се утврдат енергетските потреби и инфраструктурните услови на тие Установи за примарна здравствена заштита за соларна фотоволтаична (PV) електрификација. Резултатите од проценките треба да обезбедат придонес за проценка на изводливоста и исплатливоста на потенцијалните соларни PV инсталации во тие единаесет установи.
Крајната цел е да се испита потенцијалот за надежни опции за помошна електрична енергија преку соларни PV системи во сите Установи за примарна здравствена заштита во Северна Македонија.
Крајниот рок за пријавување е понеделник, 29 мај 2023 година.