ПРЕСИНГ | Година, 2016

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 30
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.30

„МУЛТИ- И ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНОСТ“

Мултидисциплинарноста подразбира интеракција помеѓу различни дисциплини која ги нагласува нивните различни перспективи со цел да се постигне дополнителен квалитет, додека интердисциплинарноста ги комбинира на нов интегративен начин или ниво.

Инженерство денес е соочено со предизвици како што се енергетската ефикасност, повисоки еколошки стандарди и одржливоста. Тие налагаат проширување на креативната рамка во која мултифункционалностa, можноста за трансформација и едноставната употреба ќе доминираат во творечкиот израз.

Во светот сè повеќе се следи трендот за изградба на објектите од современи и рециклирани материјали во комбинација со доволно зелени површини со примена на „паметна“ технологија, енергетски активни елементи (фотоволтажни фасади, сончеви колектори и геотермални пумпи) како интегриран дел од конструкцијата и функционалниот простор. Овој пристап како рефлексија на динамичниот начин на живеење е сè поприфатлив бидејќи се нудат повеќе функции усогласени според индивидуалните потреби на корисникот (custom design).

За проектирање на овие современи конструкции и системи неопходно е напредно знаење од повеќе сродни технички дисциплини, во одредени случаи и дисциплините надвор од техниката како што се економијата и менаџментот. Мултидисциплинарниот карактер на инженерството секогаш нудел посебен квалитет, вистинска перспектива и решение, а сепак кај нас оваа професија е потценета и недоволно признаена. Како дел од глобалниот пазар на
трудот кој ја диктира потребата за идниот инженерски профил и моменталната градежна експанзија, во нашата земја се покажа недостиг од квалификувани инженери, опремени со повеќе стручни и практични вештини, креативноста и иновативноста.
Ваквата размисла ја потврдува тезата дека постојните студиски програми на нашите факултети што поскоро треба да се иновираат во духот на новото време и предизвици. Професионалната надградба е основен предуслов за успешна кариера и единствен начин да фатиме чекор со останатиот свет.
Затоа, колеги инженери, крајно време е да се издигнеме над стереотипите и здружено да дејствуваме во подигање на професионалните стандарди.

 
Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“