×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПРЕСИНГ БР. 44
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.44

ИНЖЕНЕРСКА МИГРАЦИЈА

Инженерската струка денеска повеќе отколку во минатото е вреднувана на пазарот на трудот. Глобализацијата и големата апсорпциона моќ на развиените земји предизвика светски тренд на инженерска миграцијата која е скоро невозможно да се запре. И нашата земја е погодена од овој процес со кој најискусните инженери како резултат на скромните услови и ниските примања во голем број ја напуштаат нашата земја. Уште повеќе загрижува фактот дека дури и помладите штотуку дипломирани инженери сѐ почесто ја гледаат својата иднина надвор од земјата.
На терен веќе е евидентен недостатокот на стручен инженерски кадар и висококвалификувана работна сила и доколку набрзо не се преземат конкретни мерки може да очекуваме пад во квалитетот на изградба како и забавување или рецесија во дејноста.
Ова сценарио може да се избегне само ако се преземат сет на директни мерки насочени за подобрување на работните услови што ќе го поврати достоинството на оваа професија.
Усвојувањето на ценовникот на инженерски услуги со задолжителна примена е мерка која ќе го зголеми надоместокот за инженерските услуги и заедно со носењето на нов Закон за градење ќе цели кон воведување на ред во градежништвото. Во пакет со Законот за урбанистичко планирање и градежно земјиште треба да постави цврста рамка која ќе обезбеди квалитет, безбедност на градбите и примена на повисоки стандарди. Паралелно со ова потребно е да се зголеми поддршката на квалитетниот млад кадар преку стипендирање кое треба да започне уште во образовниот процес и да продолжи како континуирана професионална обука во фирмите. Европското искуство кажува дека таа инвестиција претставува сигурен влог кој најбрзо се враќа, а на пазарот секоја фирма вреди онолку колку што вложува во својот кадар.
Трендот на инженерска миграција може да се намали само ако државата обезбеди пристојни услови за работа во нашата земја и визија за просперитетна иднина на младите. Исто така големи се очекувањата и од професионалните здруженија и стопански комори кои треба посериозно и организирано да делуваат. Во своето 11 годишно постоење Комората на овластени архитекти и овластени инженери се докажа како бранител на интересите на сите инженерски струки и заедно со Инженерската институција на Република Северна Македонија се партнери на државата. Во наредниот период тие можат и конкретно да се ангажираат преку аплицирање со проекти за подобрување на состојбите во инженерството пред Европските развојни фондови кои се нудат во земјата.
Квалитетот на градбата, во најголема мера, зависи од стручноста и мотивираноста на инженерите. Основа за стручноста е квалитетното високо образование и искуството стекнато со работа. Несомнено е дека имаме квалитетни инженери, а како и колку се мотивирани, останува отворено како прашање.
Пораката е јасна, треба да сториме сѐ за квалитетното инженерството да не биде само наше минато.

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“