ПРЕСИНГ | Година, 2011

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 5
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.5

ЛЕКЦИИ ЗА ИНФРАСТРУКТУРАТА

„Многумина ми велеа дека сум нетокму. Во услови на разорена Хрватска, земја со над еден милион бегалци и раселени лица, наместо на обновување на постојната, јас инсистирав на изградба на нова, најсовремена патна инфраструктура“ . Вака, накусо ја објасни својата незавидна позиција професорот Јуре Радиќ од загребскиот Градежен факултет, во периодот на деведесетите години од минатиот век, кога во својство на вице-премиер упорно се залагал за прифаќање на неговиот визионерски концепт за инфраструктурниот развој на Хрватска. Професорот моментално е и директор на Институтот за градежништво на Хрватска, современа компанија со над 700 вработени инженери. Тоа е човекот поради кој денес до Јадран стигнуваме побрзо и побезбедно ако патуваме по далеку подолгиот правец преку Загреб. Многу напор беше потребен за да се обезбеди хипер-активниот професор да го одржи повиканото предавање на тема ,,Современи инфрастуктурни достигнувања“ во рамките на 14-тиот симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Беше тешко, но вредеше. Тоа не беше обично предавање. Тоа беа лекции за инфраструктурата од кои можат да бидат издвоени следните клучни тези: ƒ Пред сè, за успешен инфраструктурен развој мора да постои јасна државна стратегија за дефинирање на приоритетите и областите во кои ќе се насочуваат вложувањата. Развојот на инфраструкту- рата е сложен процес кој бара време и континуитет и затоа за него мора да постои целосен, долгорочен политички консензус ƒ Препорачливо е етаблирање на нови, стабилни извори на до- полнителни средства со јасно дефинирана намена. Истакнато беше позитивното искуство на Хрватска со наменското времено зголемување на малопродажната цена на горивата. ƒ Корисно е изградбата на инфраструктурата да се темели на што е можно повеќе сопствени средства. На тој начин се одбегнуваат неповолните меѓународни тендерски услови и се овозможува по- зитивен протекционизам за домашните градежни компании. Во оваа насока оди и препораката за формална поделба на патните правци на повеќе помали делници, како и можната опција за не- што побавно градење, но со поголема вклученост на домашните капацитети. ƒ Треба да се гради она што е најсовремено во актуелниот миг. Почитувајте ги најригорозните стандарди. На пример, никогаш и никаде не се има јавено потреба за стеснување на постоеч- ките мостови, туку напротив, многу често има потреба за нивно проширување. Употребувајте најсовремени и најквалитени материјали и решенија. Не се задоволувајте со просечност. Стремите само кон највисок квалитет. Не е целта новото да би- де само подобро од постојното. Целта е тоа да биде најдобро. Највепачатлив пример за позитивните консенквенци од та- ков пристап е тунелот Бриње во Хрватска кој е прогласен за најбезбеден во Европа. ƒ Исплатливоста на патните инфраструктурни вложувања не треба да се мери само според бројот на возила и сред- ствата прибрани од патарина. Најважна придобивка од сè е зголемувањето на безбедноста во сообраќајот. Потоа следуваат бенефитите изразени преку изградбата на придружни објекти, развојот на туризмот, новите вработувања, практична едукација на инженерскиот кадар, како и преку зголемувањето на вред- носта на недвижностите лоцирани во непосредна околина на коридорите и многу други нешта. ƒ Потребно е планирање на одржлив инфраструктурен развој Ова се и основните начела на кои се базира брзиот развој на патната инфраструктура во Хрватска. Во последниве 14 години таму се изградени над 1.000 km автопатишта, 49 тунели со вкупна должина од 85 km при што должината на најдолгиот изнесува 5,79 km., како и голем број на мостови, виадукти, подпатници, надпатници и други видови на објекти. Ова се и основните начела врз кои треба осмислено да стартува и силно да се забревта веќе одамна подзаспаниот развој на патната инфраструктура во Македонија. Актуелната економска криза не смее да биде алиби за одложување на овој процес. Не смее, зошто овде, во истите оние 15-тина години изградени се само околу 70 km автопат. Потребна ни е само јасна визија и цврсто изграден став. Одамна не сум присуствувал на толку интересно и актуелно предавање. Предавање кое едноставно ве остава без здив. Предавање од елоквентна личност кое посакувате да трае и трае. Токму затоа со особено внимание и интерес беше проследено од сите присутни. За жал, меѓу нив не беа и оние кои најмногу требаше да го чујат. А, уредно беа поканети.

Главен и одговорен уредник
Д-р Горан Марковски
Професор на Градежниот факултет
Универзитет "Св. Кирил и Методиј"