НЕВИДЛИВ ГРАД
Магла...
Депресивна и тегобна,
смрдлива и здодевна
Над градот распослана
Со честички збогатена
Маглата скопска
Магла...
Застој и зачмаеност,
недвижење и закоравеност
Чиниш годиништа натежнала
Чиниш времиња непознати врежала
Маглата скопска
Магла...
За миг ја измамив
тажно Водно искачив
Низ бело море запловив
над градот, на дното послан, невидлив
Маглата скопска
Магла...
Сончеви зраци ко за инат не пушта,
го притиска градот без трунка душа.
Како станува сè погуста и погуста
надежта за светлина од пуста е попуста
Маглата скопска
Магла...
Мемориски слики таа збриша
знајни силуети безмилосно ничкоса
Скри зад себе познати простори
грди сништа во јаве престори
Маглата скопска
Магла...
Сè стана невидливо
И Калето отспротива
и мостот камен под него
и Вардар наш тегобен
в густа магла заробен
Маглата скопска
Магла...
Со наметка прекри ѕидој градски
И зад себе задскри безброј фаци
Навлезе без обзир во простори тесни
И направи таму магловити кули бесни
Маглата скопска
Магла...
И колку таа стравој да зрачи
И колку долго градот да го мачи
Пролетен ветер од негде ќе дувне
и маглата скопска в неврат ќе ја турне
Почитувани,
Скромниов лирски воведник е инспириран од
и создаван во деновите обвиткани со магла, период
во кој сите ние со нетрпение ги очекувавме
промените кои со себе ги носи пролетта.