ПРЕСИНГ БР.19
БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК <ЦЕНА - КВАЛИТЕТ - ВРЕМЕ>
Комората на овластени архитекти и овластени инженери му се заблагодарува на досегашниот уредник на списанието д-р Горан Марковски, чиј тригодишен мандат заврши со претходниот број на Пресинг.
Поради неговата алтруистичка посветеност, инженерска прецизност и бистро мастило Пресинг денес се доживува како врвно стручно списание.
Наредните два броја на списанието, како вршител на должност ќе ги уредува членот на Управниот одбор на Комората, д-р Миле Димитровски, а веќе од октомври 2014 очекуваме новиот уредник да ја започне својата тригодишна голгота.
Eвтино, квалитетно и брзо? Целта да се спојат две од овие три варијабли е оптимистичка но реална, очекувањето да се спојат сите три, особено кај комплексни задачи, е ништо повеќе од евтин маркетиншки трик.
Спојот на квалитет и цена е вечно и отворено прашање. Дури и кога се работи за лична одлука а не јавна набавка, за најголем дел од нас цената игра пресудна улога, притоа обидувајќи се квалитетот да го вметнеме како придружен елемент, потајно затскривајќи го кога ја договараме цената, а гласно барајќи го кога го добиваме бараното.
Суштинското и многу логично прашање е како да се одржи квалитетот на градбите во јавниот сектор, кога, согласно со Законот за јавни набавки, основа за добивање на работата во јавниот сектор е исклучиво најниската цена?
Но, следното логички поврзано прашање е доколку референците се фактор во изборот на најповолен понудувач, тогаш кои мерки треба да се преземат за да субјективната евалуацијата на понудите биде објективно издржана? Или поинаку кажано, доколку Законот за јавни набавки претрпи измени и се вметне факторот квалитет/референци како основа за добивање на јавната набавка, дали ќе имаме реално подобрување на состојбата? Или ќе се создадат реакции од типот – „јас понудив најдобра цена, но другиот со фабрикувани референци ми ја зеде работата“.
Во првиот случај (минимална цена) имаме силна основа за објективна одлука, преку исклучување на субјективниот фактор во одлучувањето, следено со ризик за лош избор, а во вториот случај (цена + референци) имаме послаба основа за објективна одлука поради директната субјективната евалуација, но со реална можност за подобар избор.
Дополнително, во првиот случај, субјективниот фактор и не е целосно исклучен, бидејќи одговорните лица во јавниот сектор се тие што ги пишуваат условите на јавната набавка, при што лесно може со еден додаден збор да се исклучат конкурентските фирми. Во вториот случај, пак, субјективната евалуација на понуденото, направена од истите тие одговорни лица, се базира на потребата овие лица да бидат стручни и доволно етични да прават објективна евалуација. Ако лицето кое ја врши таа оцена не е со доволно висок морал, тогаш избегнувајќи ја комбинацијата ниска цена > низок квалитет ризикуваме да завршиме со висока цена > низок квалитет. А полошо од тоа, здравје!
Дали еден систем на правно пропишани детални услови за тендерска документација, следени со серија контролни механизми при доставата на целосна проектна документација, строги правила и одговорности за ревидентот и строг и фер надзор, би имал нешто против тоа минималната цена да биде основ за добивање на јавната набавка? Веројатно не. Значи проблемот можеби и не е толку во крајната инстанца на тоа како е добиена работата, туку како истата е иницирана, спроведена и подоцна контролирана. Бидејќи тука се кријат изворите на суштинскиот проблем. Ако сите овие сегменти во градежната дејност функционираат како што треба, речиси се исклучува можноста нереално ниските цени да царуваат со јавните набавки.
Германскиот модел на минимална цена за инженерски услуги (еден од ретките во светот) се темели на дефинирање на исклучително висок стандард на инженерска професионалност, висок степен на одговорност за сработеното, а од тоа подоцна произлегува цената, а не обратно. Ваков модел веројатно би бил добредојден и во Република Македонија.
Целта на евентуалните законски и подзаконски измени и нови упатства, е во изнаоѓањето на механизми кои ќе овозможат минимизирање на можностите неквалитетот да се пробива низ одобрената проектна документација и изведбата, бидејќи горчливоста од нискиот квалитет останува да нè потсетува долго време откако ќе се заборави слаткиот вкус на ниската цена.