На 12 октомври 2022 година, во Службен весник на РСМ, бр.219, Министерството за транспорт и врски го објави Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање.
Во правилникот се утврдени програмата за полагање на испитот, висината на надоместокот за трошоците за испитот, како и надоместоците за членовите на испитната Комисија, за програмата и испитните прашања и други аспекти на организацијата, содржината и формата на обрасците за испитот и на уверението за положен стручен испит.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери веќе започна со подготовките за реализација на првата испитна сесија во февруари 2023 година.