Кандидадите кој ги исполнуваат условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесуваат Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање. Стручниот испит се полага во три сесии во месеците февруари, јуни и октомври, а за местото и времето на полагањето на стручниот испит секој кандидат добива известување на неговата електронска адреса од која што било испратено барањето, најмалку 15 дена пред денот одреден за полагање на стручниот испит, при што оваа информација ќе биде објавена и на веб страните на Министерството и на Комората.
Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ БР.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. треба да се приложат следните документи:
- Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
- Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање, како и
- Доказ дека го исполнува условот за работно искуство согласно член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, и согласно член 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит
- Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 и чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
- Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
- Доказа за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит
Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец ноември 2022 година изнесува 33011 ден., што упатува дека стручниот испит чини 11.589 ден. (35% од 33110 ден).
Уплатата од 11.589 денари се врши на следната сметка на Комората:
- Жиро сметка: 250 001 002 332 248
- Банка: Шпаркасе Банка
- Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
- Цел на дознака: за Стручен испит урбанистичко планирање
Подолу можете да ги преземете материјалите за стручниот испит:
- Правилник за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање, програмата за полагање на испитот, висината на надоместокот за трошоците за испитот, како и надоместоците за членовите на испитната комисија, за програмата и испитните прашања и други аспекти на организацијата, содржината и формата на обрасците за испитот и на уверението за положен стручен испит (Сл.Весник на РСМ бр.212/2022);
- Упатство за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичко планирање;
- Прашања за стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање;
- Програма за полагање на стручниот испит и тоа општ дел со прописи од области релевантни за урбанистичкото планирање (одредбите од прописите обележани со црвена боја се предмет на програмата за стручниот испит) и посебен дел со прописи од областа на урбанистичкото планирање;
- Општ дел
1. Устав РСМ
2. Закон за локална самоуправа - пречистен
3. Закон за градот Скопје - пречистен
4. Закон за сопственост и други стварни права - пречистен
5. Закон за животна средина - пречистен
6. Закон за заштита на културното наследство - пречистен
7. Закон за јавни патишта - пречистен
8. Закон за земјоделско земјиште - пречистен
9. Закон за водите - пречистен
10. Закон за шумите - пречистен
11. Закон за градежно земјиште - пречистен
12. Закон за експропријација - пречистен - Посебен дел
1. Закон за спроведување на ППлан на РМ
2. Закон за урбанистичко планирање
3. Закон за градење - пречистен
4. Правилник за урбанистичко планирање - пречистен
5. Правилник за стандарди и нормативи за проектирање
- Општ дел