Oтворен e повик за националната селекција на номанции за „European Union Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award 2024“.
Република Северна Македонија има право на 5 номинации кои ќе бидат дел од официјалната селекција. Процесот за избор на номинираните проекти е преку отворен повик каде сите членови ќе може да ги пријават своите проекти. Селекцијата ќе биде извршена од страна на жири составено од Асоцијација на Архитекти на Македонија, а неговите членовите ќе бидат јавно објавени по завршување отворениот повик.
Ги очекуваме вашите проекти и ви посакуваме среќа во процесот кој следи!