На 25 и 26 септември 2017 година во Комората се одржа предавање на тема Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии. Предавањата беа организирани во 2 дена и тоа на првиот ден беа присутни сите заинтересирани инженери со овластувања во делот на противпожарната заштита, а на вториот ден присуствуваа градежните инженери. Предавањата предизвикаа широк интерес помеѓу инженерите засегнати со оваа проблематика но и кај фирмите производители на градежни матереијали. Вкупно на предавањата имаше преку 150 гости, а двата дена завршија со дружење и пригоден коктел.
Предавања
- Мерките за заштита од пожар и експлозии -разлики помеѓу стариот и новиот Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии, Предавач: проф. Д-р Мери Цветковска, Градежен факултет, Скопје [PDF]
- Обезбедување пожарна безбедност на челични конструкции, Предавач: проф. Д-р Петар Цветановски, Градежен факултет, Скопје [PDF]Обезбедување пожарна безбедност на челични конструкции, Предавач: проф. Д-р Петар Цветановски, Градежен факултет, Скопје [PDF]
- Безбедност од пожари во зградите – Регулатива во земјите на ЕУ и Западен Балкан, Предавач: Славиша Богуновиќ, диа – Институт за безбедност од пожар и интегрирани безбедности, Белград, Србија [PDF]
- Пожарна заштита на продори низ пожарни ѕидови, Предавач: Зотовски Блажен, д.и.а. Кнауф-Македонија [PDF]
Фотографии