Правилникот за продолжување на овластувањата за архитекти урбанисти до денес (25.08.2020 година) не е донесен. Комората е во секојдневна комуникација со Министерството.
Според информациите добиени од Министерството за транспорт и врски правилникот е изготвен, но се чека мислење од законодавство, а потоа да се објави во Службен Весник на РСМ.
Штом ќе биде објавен, (а се очекува тоа да биде во почетокот на следната недела) Комората ќе почне со негова примена и во најкус рок (истиот ден) ќе ги продолжи сите овластувања чија важност завршила во изминатиот период.
Сумиран приказ на комуникацијата помеѓу Комората и Министерството за транспорт и врски во врска со новиот Закон за урбанистичко планирање, и потребата од донесување на нови подзаконски акти. Новиот закон започна со примена на 18 Јуни 2020, а важноста на овластувањата за урбанизам беше административно продолжена до 22 август (60 дена по истек на вонредната состојба во државата).
*Вјолца Ахмети е раководител на секторот за правни работи и градежни лиценциАна Ѓорѓиевска е советник во кабинетот на Министерот за транспорт
Весна Андреевска е вработена во секторот за урбанизам во Министерството за транспорт и врски
Татјана Лабовиќ е вработена во секторот за правни работи