Почитувани, Ве покануваме да бидете дел од обуките кои следат за примена на Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.(ценовник и анекс на ценовник)
Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во областа високоградбата. Токму затоа во годишната програма на КОАИ за 2023 година, планирани се обуки за примена на Ценовникот за сите инволвирани страни - Договорни органи (Инвеститори - од Јавен и Приватен сектор, БЈН и сл.)
Со цел да излеземе во пресрет на сите засегнати страни, од страна на Комората на овластени архитекти и инженери се организираат обуки за практична примена на Ценовникот за инженерски услуги. Во случај на зголемена интересираност обуките ќе се пренесуваат преку ZOOM платформата (линкот ќе биде дополнително објавен).
Обуката на 27 октомври (петок) е наменета за Договорните органи – Јавен и приватен сектор, а со цел да даде појаснување на следните точки:
• Тендерски постапки – начин на распишување, евалуација при постоење на цена на инженерска услуга,
• Предлози за дополна, надградба и корекција на Ценовникот врз основ на досегашното искуство и
• Механизам за негова применливост и контрола.
Линк за регистрација.
Обуката на 28 октомври (сабота) е наменета за Даватели на инженерските услуги – членови на КОАИ, а со цел да даде појаснување на следните точки:
• Изготвување на понуди за Тендерски постапки и понуди без тендерска постапки со примена /почитување на Ценовникот за инженерски услуги,
• Предлози за дополна ,надградба и корекција на Ценовникот врз основ на досегашното искуство и
• Механизам за негова применливост и контрола.
Линк за регистрација.