Комората на овластени архитекти и овластени инженери подготвува Регионална средба на архитекти и инженери која ќе се одржи во Гостивар на 02.03.2024 година (сабота). Агенда и регистрација
Во рамките на Регионалната средба ќе бидат спроведени обуки за Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање. Покрај тоа, ќе биде отворена дискусија за предизвиците во професијата на централно и регионално ниво. Регионалната средба со колегите архитекти и инженери од западниот регион се организира со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.