Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПОСТОЈАН ЈАВЕН ПОВИК

Pin It

ПОСТОЈАН ЈАВЕН ПОВИК

Општи одредби

Одделението на архитекти и одделението на урбанисти при Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ја известува стручната јавност и членовите на КОАИ, дека објавува постојан и отворен јавен повик за финансирање и кофинансирање на проекти во областа на архитектурата и урбанизмот. Целта на истиот е да се поттикне и придонесе кон делувањето на македонската сцена, нејзина поголема промоција и активност.

  • На повикот може да се конкурира со проекти во доменот на стручната литература, издаваштвото, организација на изложби, работилници, научни трудови и истражување, заштитата на градителското наследство, промотивни настани, нови медиуми, едукација, симпозиуми, меѓународна промоција итн. Ограничување на формата на проектите не постои, но задолжителен е фокусот на архитектурата и планирањето.
  • Право на учество имаат сите активни членови на комората, поранешни членови (пензионери), физички и правни лица, организации и здруженија Проекти на странски автори можат да бидат предмет на разгледување единствено доколку проектот се реализира на територијата на Македонија или е во контекст на промоција на македонската архитектура и наследство (задолжително еден соработник да биде вклучен во проектот со адреса на живеење во Македонија). Во евалуацијата на проектите ќе имаат предност оние кои во својот тим имаат бар едно лице како соработник, тековен член на КОАИ.
  • Проектите треба да се реализираат во тековната 2024 година. Доколку се работи за повеќегодишно делување, потребно е јасно да се истакне за кој дел од проектот се побаруваат средства кој ќе биде реализиран во 2024 година. Проектите можат да бидат целосно или делумно помогнати, зависно од средствата со кои се побаруваат, а минималната сума која ќе биде доделена на еден проект изнесува 24.000 денари.
  • Заинтересираните кандидати можат да конкурираат со повеќе од еден проект, но во случај на зголемен интерес на повеќе страни, ќе се пристапи кон еднаков третман и поддршка на проектите со предност најпрво на различните кандидати.

Начин на аплицирање и рок за поднесување

  • Пријавувањето се врши со доставување на уредно пополнет образец која  треба да се преземе од веб–локацијата на КОАИ на следниот линк  Кандидатите треаба да го пополнат образецот со текстуално образложение на проектот (во word со македонска поддршка) поентирајќи со идејата, контекстот, целите и очекуваните резултати, финансиска пресметка за трошоците и податоци за авторот: име и презиме, дата на раѓање, диплома за завршено образование или потврда од образовна институција за тековно образование, доколку е член на комората – број на овластување, како и контакт податоци (e-mail адреса, број на мобилен телефон). Доколку се работи за проект во кој се вклучени и соработници, да се приложат и основните лични податоци на истите.
  • Материјалите да се достават дигитално, компресирани во еден фолдер:

Naslov na proektot_Javen povik_arhitektura 2024_KOAI,
испишани на македонски јазик и испратени на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Јавниот повик е постојано отворен во текот на календарската година до 15ти Ноември 2024 година, со цел да излезе во пресрет на колегите кои придонесуваат во останатите сегменти во полето на архитектурата и урбанизмот.

Во случај на зголемен интерес и целосна распределба на буџетот до негово целосно исцрпување, КОАИ јавно на својата страна и социјални медиуми ќе објави ИЗВЕСТУВАЊЕ, со кое се информира јавноста за предвремено завршување на јавниот повик поради споменатите причини.

Со пополнетиот образец/материјалите задолжително треба да се приложат следниве документи:

  • Изјава или преддоговор со авторите/изведувачите или со правните/физичките субјекти вклучени во проектите;
  • За актиности кои се организираат со заедничка соработка на два или повеќе апликанти или неформални групи и поединци, треба да се назначи кој е носителот на проектот;
  • Уверение за државјанство
  1. Известување за поднесената апликација на јавниот повик
  • Одделението на архитекти и одделението на урбанисти при КОАИ по евалуацијат на пристигната апликација ќе одлучи во рок од 45 дена и писмено ќе го извести апликантот.
  • Одделението на архитекти и одделението на урбанисти при КОАИ го заддржуваат правото да не додели средства на проекти за кои проценува дека не се од интерес на професијата или проекти кои не се соодветно образложени, со непотполна документација и сл.
  1. Потпишување на договор

За реализацијата на финансирање и кофинансирање на проекти во полето на архитектурата и урбанизмот за 2024 година, КОАИ ќе склучи поединечни договори.

*Доколку во текот на реализацијата на проектот, дојде до значајни измени на истиот и се јави потреба од пренамена на доделениот буџет од страна на КОАИ, авторите се должни да достават писмено барање до органите во кои детално ќе ги образложат причините и нов финансиски план според кој планираат да ги потрошат финансиските средства. По произнесувње на одделенијата за предметното барање апликантот ќе биде писмено известен.

  1. Дополнителни информации

При реализација на проектите – авторите/здружението имат обврска видно да го истакнат логото на КОАИ.

 

Документи за преземање:

pdf iconПостојан повик
word iconОбразец за Јавен повик
word iconМодел на Договор за Јавен повик