Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА - ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕВРОКОДОВИ

Едукација
Датум: Среда, 03 Јуни 2026 11:00 - 14:00

Локација: Хибриден настан

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, Ве поканува да присуствувате на стручни предавања од областа на примената на ЕВРОКОДОВИТЕ за проектирање и анализа на сложени челични и спрегнати конструкции.

Напомена: Овие предавања се од практичен карактер, базирани на реални искуства стекнати директно од професионалната пракса.

Во рамки на предавањата ќе бидат обработени следните теми:

  • Индустриска челична хала со крански греди, со административен дел изведен со спрегната меѓукатна конструкција и армирано-бетонска темелна конструкција
  • Повеќекатна челична индустриска зграда, кај која хоризонталната крутост е обезбедена преку употреба на спрегови

ИНФОРМАЦИИ ЗА СТРУЧНИТЕ ПРЕДАВАЊА:

Предавањата ќе опфатат практични показатели, во согласност на Еврокодовите, принципи на анализа на објекти во целост, како препораки во постапките, критериумите и правилата во:

  • анализа на постојани товари,
  • анализа на корисни товари,
  • товар од снег,
  • анализа на крански греди,
  • модуларни рамки,
  • спрегови,
  • повеќекатни просторни рамки,
  • различни аналитички излези од ист математички модел,
  • врски и детали.

Исто така ќе бидат дадени напатствија за избор на конструктивни системи за избегнување на нерегуларности во основа, како и за определување на класата на дуктилност на системот за челични рамки на хала и повеќекатна зграда со различни катни висини, за најповолно однесување согласно на Еврокодовите.

Предавач:

  • проф. д-р Денис Поповски, дипл. град. инж.

Време на одржување:

  • 03.06.2026 година
  • 11:00 h

РЕГИСТРАЦИЈА

Место на одржување

  • Со физичко присуство во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (ограничен број на учесници – 80 места)
  • Онлине, преку платформата Microsoft Teams.

Воедно, би сакале да го истакнеме следново:

  • Обуките се наменети исклучиво за активните членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
  • Сите пријавени лица кои не се членови на Комората или се во статус на неактивни членови, ќе добијат посебно дополнително известување во врска со нивниот статус и можноста за следење на обуката.