ПРЕСИНГ | Година, 2017

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 34
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.34

СТРАТЕГИЈА И СИНЕРГИЈА

Како резултат на нелојалната конкуренција, државниот протекционизам, дефектниот систем за јавни набавки, непочитувањето на законски утврдените компетенции и одговорности и други слични појави, професионалниот амбиент во македонското инженерство е задушен и одржлив само за најотпорните. На подолг период оваа состојба придонесе и за маргинализација на нашата струка заменувајќи ги вистинските со квази-вредности по
најниска цена.

Дали заслужуваме подобро? - Каков и да е одоворот на ова прашање тој не нѐ амнестира од одговорноста бидејќи таа е колективна, а обврската за напредување во инженерството е индивидуална. Кај нас веќе подолго отсуствува експертска дебата иако постојат голем број и онаа за потребата од воведување ценовник за инженерски услуги, потоа потребни се измени во многу критикуваниот Закон за градење и урбанизам, исто така и промени во Законот за јавни набавки кој ќе го наградува наместо казнува квалитетот, и уште многу други кои се витални за напредокот на нашата професија.
Час поскоро е потребна мобилизација на стручната јавност во професионалните здруженија и организации со единствена цел да се иницираат нови, одржливи, решенија и мерки за унапредување на инженерството.

Во услови кога глобализацијата е наша реалност, мултидисциплинарноста треба да се прифати како новата компаративна предност за водење бизнис,
а иновативноста или индивидуалниот пристап како единствено решение за успех. За опстанок на пазарот денеска потребни се брзотрансформирачки
претприемачи кои можат да се адаптираат на промените, мали и динамични претпријатија наместо компании –гиганти со масовност и низок степен на професионални компетенции. „Joint venture” моделот за соработка треба да се промовира повеќе како можност преку која ќе се оствари трансфер на знаење и технологии од поискусните европски партнери. Паралелно на ова треба да се предложат и измени во законските решенија кои ќе го стимулираат развојот на мали и средни претпријатија, „start-up” бизниси и други механизми за поддршка на развојот во инженерскиот сектор.

Не помалку значајни се и реформите во образовниот систем затоа што професионалната компетентност е основа на секој напредок. Негативниот тренд за уписи на техничките факултети е јасен индикатор, според кој само една третина од младите се одлучуваат да студираат технички науки иако во подолг период постои сериозен дефицит од инженерски кадар. од друга страна, пак, несериозно се прима сигналот од стопанството за потребата од практично обучени инженери, подготвени веднаш активно да се вклучат во производниот процес. За да се унапредат професионалните компетенциите во ова динамично време, кога секојдневно се појавуваат нови технологии и техники, покрај формалната клучно е да се обезбеди континуирана едукација на инженерите. Иако „Пресинг“ како гласило на Комората ги информира своите читатели за современите трендови во инженерството, чинам е недоволно, потребно е интензивирање и продлабочување на понудата преку организирање професионални обуки.

За успешни реформи потребни се стратегија и синергија. Сакајќи да го споделам својот оптимизам, апелирам до сите инженери да не чекаат промените да се случат туку да ги иницираат во своето најблиско опкружување. Така самите ќе го унапредиме инженерството! 

 

Доц. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“