×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПРЕСИНГ БР. 54
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.54

10 години „ПРЕСИНГ“

Крајот на годината е период кога се сумираат достигнувањата и впечатоците, се прави ретроспектива на изминатите и се планираат следните активности. Така ќе биде и во овој последен воведник за оваа година, уште повеќе затоа што овој број воедно претставува и последен кој ќе биде потпишан од постојниот уредувачки одбор. Оттука, почитувани колеги, дозволете овој воведник да не биде моја рефлексија само на изминатата, туку на последните седум години од вкупно десетте во кои имав чест да го уредувам ова списание.
Во овој период заеднички со уредувачкиот одбор подготвивме 34 броја на „Пресинг“ со преку 250 натписи од сите инженерски струки со кои се надеваме дека помогнавме
за подобра информативност на членовите во Комората, но уште позначајно во подигање на професионалните стандарди во инженерската професија. Секогаш се трудевме да обработуваме актуелни теми и да ги презентираме најзначајните достигнувања кои се одраз на инженерскиот созадавачки дух, текстови од науката, но многу почесто и од практиката кои стручно и објективно информираа и едуцираа. Но, исто така, кога беше потребно, отворено критикувавме и коментиравме за состојбите и проблемите во нашата професија, но секогаш со конструктивни предлози за нивно подобрување или решавање.
Од своето формирање до денес, „Пресинг“ објави вкупно 54 броја со што не само што се етаблираше како гласило на Комората помеѓу членството, туку и пошироко меѓу стручната јавност како квалитетно стручно списание кое секогаш дава простор на секој креативен и иновативен збор. Тука сакам да се заблагодарам на сите автори, преку 500, кои продефилираа во изминатите триесет и четири броја оставајќи свој траен печат со што го направија „Пресинг“ да биде поквалитно и поинтересно списание.
Во оваа прилика од името на „Пресинг“ и целиот уредувачки одбор сакам јавно да ѝ честитам на м-р Кристинка Радевски на изборот за претседател на Комората на овластени
архитекти и инженери и да ѝ посакам успешна и продуктивна работа со желба „Пресинг“ да го задржи статусот и третманот кој го има во Комората. На претходните претседатели, д-р Миле Димитровски и м-р Блашко Димитров, им се заблагодарувам за соработката и безрезервната поддршка која ни ја даваа сите изминати години.
Особено сакам да се заблагодарам на сите членови од уредувачкиот одбор на „Пресинг“ за несебичниот ангажман и прекрасната соработка во изминатите седум години и многуте заеднички поминати моменти кои создадоа вечни и длабоки пријателства. Со надеж дека новиот уредувачки одбор ќе продолжи со истиот ентузијазам и енергија, им посакуваме успех во работата.

На сите членови на Комората им посакувам добро здравје во Новата 2022 година, нека биде успешна и среќна, исполнета со радост и бериќет.

Среќна Нова година и честит Божиќ!

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“