Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека најавениот термин сабота 24.06.2023 година за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање јунска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови, се поместува за сабота 8.7.2023 година.
Имајќи го во предвид ова, краен рок за поднесување пријави за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во јунска испитна сесија е 23.6.2023 година.
Материјалите за подготовка и другите документи можете да ги најдете на линкот на страницата на соопштението на кое се однесува ова пролонгирање.