ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
ПРОФ. Д-Р МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ
Мандат: 2016 - 2021
Д-р Миле Димитровски е поранешен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кој после 38 години се откажа од работното место редовен професор со втор реизбор на Машинскиот Факултет на Институтот за термичко инженерство, и после изборот за преседател се вработи со постојано работно време во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Во својата кариера има бројни научни достигнувања, но и стручни и публицистички. Автор е на многу универзитетски учебници, за додипломски и последипломски студии. Акредитиран ментор на магистеrски и докторски студии при УКИМ и менторна 10 магистранти и 4 докторанти кои ги завршиле своите трудови и дидертации. Има објавено повеќе од 82 научни трудови од кои 7 труда објавени во последните 5 години со импакт фактор. 16 години бил главен и одговорен уредник на Списаниe за машинство на машинскиот факултет, уредувал неколку броја на ПРЕСИНГ, а сега е гавен и одговорен уредник на ИНЖЕНЕРСТВО. Напишал повеќе од 100 написи во дневни и неделни весници во врска со екологија, инженерство , сообраќај и образование. Како помлад професор, бил проектант на проекти од термичко инженерство, а како постар, бил главен ревидент за машинство на проектите за гасификација на РМ, и главен надзор на изведбата на сценски технологии на новиот-стар театар во Скопје.
Во Комората е од нејзиното формирање, учествува во нејзината работа во одбори комисиии и тела. Активно соработувал со претходните преседатели за сите прашања од интерес на комората. Член е на одборот за меѓународна соработка и претставник во ЕЦЕЦ и член на комитетот за образование во светската федерација на инженерски организации (WFEO). Соработува со претседателите на коморитe од Европа и Балканот, а со многу од нив е и личен пријател. По негова иницијатива и плобирање, 14 Генерално собрание на европскиот совет на Комори ќе се одржи во Октомври во Скопје, а е под покровителство на претседателот на Република Македонија. Бил активен учесник подготвката на договорите за взаемно прифаќање на овластувањата со соседните инженерски комори.
Покрај професионалните ангажирања бил и активен во делување од поширок општествен интерес. Бил кандидат за градоначелник на Скопје (1996) и на Општина центар (2000). Бил координатор за изработка на две национални стратегии (Безбедноста на сообраќајот на патиштата), а учествувал во изработка на уште три други. Бил уредник на издавање на три монографии. Во државните институции бил покануван да помага како експерт и познавач на многу области. Соработувал во донесување на законска регулатива во Министерствата за транспорт и врски, во Министерство за просторно планирање и животна средина и Министерство за Економија. Член е на проектот за подобрување на образовните квалификации и за регулирани професии во МОН. Член е на кординативното тело за безбедност на сообраќајот на патиштата во Владата на РМ. Член е на специјалниот комитет за образование и трансфер на знаењеа во глобалната организација за безбедноста на сообраќајот на патиштата (La PRI). Учествувал во изготвувањето и во одбраната на извештаите за напредокот на Mакедонија во областа на БСП во Брисел.