Со големо задоволство ги известуваме сите наши членови дека Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) официјално ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација за периодот 2026-2029 година.
Овој стратешки документ означува почеток на нова, модерна ера во работењето на Комората, со примарна цел – воведување на висока услужна ефикасност, максимална транспарентност и елиминирање на рачните и административните процедури кои досега го забавуваа процесот на работа.
Визија и цели на дигиталната трансформација
Нашата дигитална мисија е јасна: Да обезбедиме ефикасни, сигурни и транспарентни дигитални услуги за членството и да ги оптимизираме внатрешните институционални постапки. Комората се трансформира во современа, интегрирана и дигитално поддржана професионална институција која работи во служба на своите членови.
Повеќе: Управниот одбор ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација на КОАИ (2026-2029)








Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, присуствуваа на свеченото отворање на Меѓународниот конгрес „FROM RESEARCH TO APPLICATION“, кој се одржа на 20 мај 2026 година, во организација на Универзитетот во Тетово.
На 19 мај 2026 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа комерцијалната презентација на MAPEI на тема „Хидроизолација на подземни структури како проектантска стратегија“, посветена на современите пристапи и решенија во областа на хидроизолацијата на подземни конструкции.
На 12 мај 2026 во Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа презентацијата на тема „Одржливост кај старите и новите градби, со новата генерација системи за обвивка на зградата“, реализирана во соработка со компанијата Алуконигштал Schüco.





