ЗАЕДНИЦА КОЈА САКА ДА СЕ СРЕЌАВА
Во месец март SHARE заедницата од Западен Балкан организираше SHARE настани во Тирана и Приштина на кои присуствуваа над 500 учесници.
Програмата SHARE форуми продолжува во април и мај со следните дестинации: Словенија, Грција, Кипар, Романија и Полска.
Целта на овој билтенот е да ве информира за настаните што се случија во март и да ги најави настаните планирани за април и мај. Изворна верзија на билтенот во продолжение.
Повеќе: Newsletter SHARE Architects events & news - издание март 2023 година







Оваа година ќе се одржи 20. Меѓународен Симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ). Главна тема на овогодинешниот Симпозиум ќе биде „Отпорни конструкции“. Детали за динамиката за пријавување можете да најдете подолу:
На 31 март 2023 година, се одржа вториот дел од предавањето на тема „Основни начела на монтирање и контрола на системите за сува градба“. Ова е трето од серијата предавања кои ќе одржат во наредниот период како резултат на продлабочената соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и компанијата КНАУФ.
На 30 март 2023 година, се одржа Autodesk предавање - второ од низата активности на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а со цел запознавање на членовите со БИМ алатките и методите на работа во БИМ.
Ве информираме дека е излезена од печат книгата АРМИРАН БЕТОН СПОРЕД ЕВРОКОД 2 - теорија со решени примери - Книга 1 и 2.



