На 3 јуни 2026 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, успешно се одржа хибридно стручно предавање посветено на примената на Еврокодовите при проектирање и анализа на сложени челични и спрегнати конструкции.
Предавач на настанот беше проф. д-р Денис Поповски, дипл. град. инж., кој преку практични примери и реални искуства од инженерската пракса ги презентираше современите пристапи за проектирање и анализа на индустриски хали, повеќекатни челични индустриски објекти, спрегнати конструкции и армирано-бетонски темелни системи.








Со големо задоволство ги известуваме сите наши членови дека Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) официјално ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација за периодот 2026-2029 година.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, присуствуваа на свеченото отворање на Меѓународниот конгрес „FROM RESEARCH TO APPLICATION“, кој се одржа на 20 мај 2026 година, во организација на Универзитетот во Тетово.
На 19 мај 2026 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа комерцијалната презентација на MAPEI на тема „Хидроизолација на подземни структури како проектантска стратегија“, посветена на современите пристапи и решенија во областа на хидроизолацијата на подземни конструкции.





