Одделението на машински инженери при Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија (КОАИ), на 5 јуни 2026 година, во уникатниот амбиент на винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци, ја организираше првата годишна средба „ДЕНОВИ НА МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ 2026“. Овој настан ги постави темелите на една нова, значајна традиција, креирана ексклузивно за и во чест на машинските инженери членови на Комората.
На настанот присуствуваа околу 200 гости, меѓу кои најбројни беа членовите на КОАИ, претставници на академската заедница, локалната самоуправа, како и драги колеги и гости од регионалните комори на Црна Гора, Србија и Хрватска.








На 3 јуни 2026 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, успешно се одржа хибридно стручно предавање посветено на примената на Еврокодовите при проектирање и анализа на сложени челични и спрегнати конструкции.
Со големо задоволство ги известуваме сите наши членови дека Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) официјално ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација за периодот 2026-2029 година.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, присуствуваа на свеченото отворање на Меѓународниот конгрес „FROM RESEARCH TO APPLICATION“, кој се одржа на 20 мај 2026 година, во организација на Универзитетот во Тетово.





