- Посети: 212
In Memoriam - архитект Александар Смилевски
Со жалење ве информираме дека на 85 годишна возраст почина ценетиот колега и член на Комората архитект Александар Смилевски.
Со жалење ве информираме дека на 85 годишна возраст почина ценетиот колега и член на Комората архитект Александар Смилевски.
Проф. д-р Мери Цветковска
Техничката комора на Грција (TEE) беше домаќин на 79-то Генерално Собрание на ECCE (Европскиот совет на градежни инженери), кое се одржа во Атина, Грција, од 10-ти до 11-ти октомври 2024 година.
79 Генерално Собрание на ECCE ги собра професионалците во градежништвото од цела Европа за да разговараат за клучните предизвици, можностите и иднината на професијата. Согласно агендата на настанот, досегашниот Претседател на ЕССЕ, господинот Андреас Бранднер, поднесе извештај за работата на ЕССЕ за последните 6 месеци. Беа изнесени два предлога за нова методологија за пресметување на висината на членарината на земјите членки на ЕССЕ, по што следеше гласање, како за Методологијата, така и за предлог буџетот на ЕССЕ за следната година.
Повеќе: Извештај од учеството на 79 Генерално Собрание на ЕССЕ
Комората како членка на ИКОМОС , ги пренесува темите од објавените информации за тековниот месец октомври 2024 година:
• Изјава на ИКОМОС за непосредните и сериозни закани за културното наследство на Либан
• Учеството на ИКОМОС во политичките дискусии на Самитот за европско наследство во 2024 година
Комората како членка на ИКОМОС – Интернационалниот совет на споменици и локалитети, ја пренесува информацијата за отворената регистрација за годишното генерално Собрание на ИКОМОС 2024 година кое ќе се одржи 10-17 ноември 2024 година во Оуро Прето, Бразил, во хибриден формат.
Регистрацијата може да се изврши на следниот линк.
Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]
Преземи ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]
Преземи ценовник со табели во боја
Преземи Анекс на ценовник со табели во боја
За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.
Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба
Образец за пријава до Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба
Преземи Упатство за формирање на цена со примена на Ценовникот за висината на минималниот надомест за инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата