- Посети: 535
Светски ден на инженерството 4 март 2024
На ден 08.02.2024 година (четврток) во салата на Комората, реномираната компанија „Гардиан Глас“ како пионер во одржливи и ефикасни решенија за станбени згради во соработка со „Викториа Глас“ одржа презентација насловена како „Застаклување во станбени згради - предизивици и реализации“. Презентацијата ги акцентираше предизвиците и решенијата како одговор екстремните топлотни бранови во Централна Европа наспроти традиционалниот фокус на енергетската ефикасност во зима.
Повеќе: Презентација - Guardian glass, Viktoria glass- Застаклување во станбените згради
Комората го проследува Јавниот оглас за избор на членови на Партиципативно тело за урбанизам на Град Скопје, којшто е отворен до 21 Февруари 2024 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Европската соработка во науката и технологијата (COST) е организација за финансирање за создавање на истражувачки мрежи, наречени COST Actions. Овие мрежи нудат отворен простор за соработка меѓу научниците низ Европа (и пошироко) и на тој начин даваат поттик за напредокот во истражувањето и иновациите.
Повеќе: Европска соработка во науката и технологијата (COST)
Изложбата претставува единствена можност да се создаде свест и да се инспирираат архитектите и инженерите, за градење на енергетски ефикасни, здрави и инклузивни средини. По Конгресот на UIA во Копенхаген минатата година, изложбата ACE „20 архитектонски проекти против климатските промени“ можете да ја преземете на следниот линк.