Повеќе: Светски ден на инженерството на УНЕСКО за одржлив развој
Комората во продолжение го пренесува барањето Интернационалната федерација на инженери – консултанти за учество во анкета:
Вашите ставови се потребни за да помогнат да се влијае на следниот стратешки план на FIDIC. FIDIC последен пат го разгледа својот стратешки план во 2019 година за периодот од 2020 до 2024 година и сегашниот план завршува.
Повеќе: Анкета од Интернационалната федерација на инженери – консултанти
Комората како членка во Светската федерација на инженерски организации (World Federation of Engineering Organizations - WFEO) ги пренесува објавените информации кои опфаќаат:
- Порака од претседателот Mustafa Shehu
- Светски ден на инженерството - 4 март
- Вебинар на WFEO CDRM „Одржливо културно наследство за градење капацитет и намалување на ризиците од катастрофи“
- 25-ти Заливски инженерски форум
- THGA прва меѓународна конференција на жени инженери
Повеќе: Информации од Светската федерација на инженерски организации, јануари 2024 година
Комората ја пренесува поканата за учество на Меѓународната научна и стручна конференција - 20-та јубиларна летна школа за урбанистичко планирање и одржлив развој, која ќе се одржи во Нови Пазар, хотел „Врбак“, од 9 до 11 мај 2024 година, под покровителство на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Министерството за образование, наука и технолошки развој на Република Србија со поддршка на Инженерската комора на Србија и Градот Нови Пазар, а во организација на Здружението на урбанисти на Србија и Републичкиот геодетски завод.
Темите за Летната школа за урбанистичко планирање и одржлив развој се следните:
Повеќе: 20 Јубиларна летна школа за урбанистичко планирање и одржлив развој, Нови Пазар
- Посети: 535
Јавен повик за ангажирање стручни лица од архитектура, градежништво, машинство и електротехника од АФПЗРР
Комората во продолжение го пренесува Јавниот повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од (АФПЗРР) за ангажирање на стручни лица за утврдување на пазарни цени за понуди за програмата - ИПАРД.
АФПЗРР има потреба за ангажирање на стручни лица кои ќе спроведат истражување и анализа на понудата на пазарот и ќе достават пазарни цени за исти производи и услуги.