Комората како членка на ИКОМОС – Интернационалниот совет на споменици и локалитети, ja пренесува информацијата за одржаното годишно Собрание на ИКОМОС на 25.02.2025 година.
На маргините на Собранието беше промовирана Монографијата „30 години Македонски национален комитет на ИКОМОС“, која е директен плод на желбата за подобро разбирање на развојот на Комитетот, како и за документирање на придонесите во заштитата на недвижните културни добра како негово наследство.
Повеќе: Промовирана Монографијата „30 години Македонски национален комитет на ИКОМОС“







На 13-14 март 2025 година во Скопје ќе се одржи Конференција DRBF за Централна и Источна Европа. На конференцијата ќе се анализираат практични упатства за корисниците и практичарите од Комисиите за решавање на спорови кај FIDIC договори.
Комората како членка во Светската федерација на инженерски организации (World Federation of Engineering Organizations - WFEO) ја пренесува информацијата за Светскиот ден на инженерството.
На 21 Февруари 2025 со почеток од 11:00 часот во просториите на Советот на Општина Кичево се одржа Регионална средба на овластени архитекти и овластени инженери, првата од овој тип на активностит на Комората, зацртани во календарот за 2025 година.
На третата средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти, одржана во Битола на крајот на 2024 година, специјален гостин беше Кристоф Најдовски – Французин со битолски корени и актуелен заменик-градоначалник на Париз. Тој сподели инспиративна приказна за тоа како Градот на светлината, за само две децении, успеа да го преполови бројот на автомобили и да се трансформира во одржлив, зелен и хуман град, исполнет со паркови, чист воздух и урбана хармонија.





