Комората ја пренесува информацијата за онлајн настан за обука развиен од истражувачкиот тим ETHER со финансиска поддршка на проектот Engineers 4 Europe (E4E). Целта на овој курс е да им се помогне на инженерите да ги развијат своите професионални компетенции и да се овозможи соработка со инженерски едукатори, претставници од сектори за човечки ресурси во градежната индустрија, инженерски здруженија, федерации и сл.
Настанот ќе се одржи на 6 Февруари 2025 година и можете да се регистрирате на следниот линк.
Повеќе: Онлајн настан за обука на инженери од проектот „Engineers 4 Europe“







Комората ја пренесува информацијата од ECCE – Европскиот совет на градежни инженери за претстојниот вебинар организиран од Националниот совет на инженери (CNI - Италија) кој ќе се одржи на 31 јануари 2025 година од 9:00 до 12:30 часот на тема: „Учење од терен- Најдобри практики за рехабилитација и појачување на армиран бетон“.
На 28 Јануари 2025 година, во просториите на Комората, помеѓу овластените лица – г-ѓа Кристинка Чулак, Претседателката на Комората и г-дин Џеват Селами, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка.
Ве известуваме дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери спроведува процес на ажурирање на податоците во Регистарот на членови. Целта на оваа активност е да обезбедиме ажурирани и точни информации за сите наши членови, во согласност со законските обврски и потребите на Комората.





