- Посети: 1555
Одржана презентација за биоинженерски мерки - УНДП
На 2 октомври 2023 година во просториите на Комората се одржa стручно предавање насловено: „Презентација на биоинженерски мерки“, во организација на канцеларијата на УНДП во Скопје. Презентацијата беше поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Швајцарската агенција за развој и соработка. На почетокот се обратија Потпретседателот на Комората Дејан Метикош и проектниот менаџер на УНДП – Љубица Теофиловска. Швајцарското искуство за глобалните случувања во Биоинженерските мерки и можниот пристап за спречување на ризиците од катастрофи и управувањето со водните ресурси го пренесе г-дин Маркус Цимерман, консултантот на УНДП. Тој нагласи дека решенијата (мерките) засновани на природата ја користат моќта на здравите екосистеми за заштита на луѓето преку оптимизирање на инфраструктурата и заштитата со стабилна и биолошка разновидност.