- Посети: 1348
Нов Меѓународен конкурс за Расадник
Новиот Меѓународниот конкурс за Расадник се отвора на 15 март 2023 година и во наредните четири месеци, ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода. Конкурсот се спроведува во соработка со Архитектонскиот Факултет Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија.







На 23 февруари 2022 година во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема „Основни начела на монтирање и контрола на системите за сува градба“. Ова предавање е прво од серијата предавања кои ќе одржат во наредниот период како резултат на продлабочената соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и компанијата КНАУФ.
Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, објави меѓународен архитектонски конкурс за концептуалното архитектонско решение за Општа болница во Пљевљa.
Друштвото на градежните конструктори на Македонија распишува Јавен конкурс за доделување на признаниja на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2021 и 2022 година.



