- Посети: 3829
Прва Годишна средба на архитекти и планери

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на 23.12.2022 година во Офицерскиот дом во Битола се одржа Првата Годишна средба на архитекти и планери. На средбата, покрај гостинката од Грција, архитект професор Димитра Фига, архитекти, планери и иженери, почесен гостин беше и градоначалникот на Општина Битола Г-дин Тони Коњановски. Во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на присутните им се обрати раководителката на одделението на архитекти Веселинка Герасимова – Петровска.







Оваа година Комората на овластени архитекти и овластени инженери го одбележа својот јубилеј 15 години постоење.
На 15.12.2022 година, во организација на канцеларијата на UNDP во Македонија, со поддршка на Владата, се одржа Бизнис форумот насловен „Можности и предизвици за развој на приватниот сектор во услови на криза“ во хотелот Холидеј Ин.
На 13.12.2022 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше потпишан меморандум за соработка со Комора на трговски друштва за геодетски работи. Со овој меморандум се официјализираше соработката помеѓу овие две Комори, но се утврдени и начелата за взаемни активности во различни области на соработката. Меморандумот за соработка го потпишаа м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и м-р Никола Рибароски, Претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.
На 7 декември 2022 година во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема „Принципи на пасивната противпожарна заштита“. На предавањето беа презентирани темите: Теоретски принципи на пасивната противпожарна заштита и Материјали и технологии за пасивната противпожарна заштита. Собирот го отвори м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Во своето обраќање ги поздрави присутните, ја афирмирше заложбата на Комората за унапредување на противпожарната заштита на објекти и информираше за работата на Стручната комисија за ревизија на регулативата за пожарна безбедност која работи во рамките на Комората.



